Во Мароко запленети четири тони хашиш
Мароканските власти синоќа соопштија дека заплениле четири тони хашиш во близина на Тангера, во северниот дел од земјата.
Дрогата била скриена во камион со лажни регистерски таблички.
Според податоци на Обединети Нации, Мароко е еден од најголемите производители и извозници на хашиш.
Мароканската полиција во 2018 година заплени 52 тони смола канабис, од која се прави хашишот, 1,65 тони кокаин и 1,3 милиони таблети екстази.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: