ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Вселенско летало на Јапонија се обидува да слета на астероид на 280 мил/км од Земјата

Вселенско летало на Јапонија се обидува да слета на астероид на 280 мил/км од Земјата

1 мин читање

Јапонско вселенско летало се приближува кон површината на астеродид на околу 280 милиони километри од Земјата.

Јапонската агенција за вселенски истражувања прецизира дека вселенското летало Hayabusa 2 почнало со маневри за слетување на површината на астероидот во 13.15 часот по локално време.

Почетокот бил одложен пет часа поради проверки за безбедноста, но беспилотното летало треба да слета утре изутрина.

Леталото ќе собере од површината материјал од астероидот. Слетувањето ќе бара голема прецизност. Hayabusa 2 се стреми да слета на место широко шест метри за да избегне неочекувана активност на астероидот. Астероидот наречен Рјугу е околу 900 метри во дијаметар.