ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Регион > Вучиќ му го честита на Путин Денот на руските безбедносни служби

Вучиќ му го честита на Путин Денот на руските безбедносни служби

Српскиот претседател Александар Вучиќ му го честита на рускиот колега Владимир Путин Денот на безбедносните служби, соопштија од кабинетот на шефот на српската држава.

– Почитуван претседателе и драг пријателе. Искрено Ви го честитам Денот на припадниците на безбедносните органи на Руската Федерација, не само како претседател на Руската Федерација, туку и како човек, кој својата блистава кариера ја почнал во органите на државната безбедност, се наведува во честитката до Путин.

Српскиот претседател, исто така, се заблагодарил и за досегашната поддршка на Русија, изразувајќи задоволство од претстојната посета на Путин на Србија.