Германија: Поранешен болничар призна убиство на повеќе од 100 пациенти
Поранешен болничар од Германија призна убиството на повеќе од 100 пациенти во првиот ден од судењето во Олденбург. Со тоа, Нилс Хегел (41) е најголем сериски убиец во земјата по Втората светска војна.
Судењето на поранешниот болничар Нилс Хегел (41) за убиство на уште 98 пациенти почна денеска. Хегел веќе отслужува доживотна затворска казна за убиство на двајца пациенти, но неодамна беа поднесени нови обвиненија за него за убиства со инекција на уште 98 постари луѓе во болниците во Олденбург и Делменхорст.
Се верува дека Хоегел убил вкупно 36 пациенти во Олденбург и 64 Делменхорст, помеѓу 1999 и 2005 година.
Хогел инјектирал големи количини несоодветни лекови кај болни пациенти.
Неговиот главен мотив бил да се докаже пред своите колеги.
Како што состојбата на пациентите по вбризгувањето на содржината на инекцијата се влошувала, Хегел прв доаѓал за помош и ги реанимирал. За жал, во многу случаи реанимација не успевала и пациентите го губеле животот.
Целиот случај е многу чувствителен на германскиот здравствен систем, бидејќи роднините на починатите ги обвинија водечките фигури во здравството дека ги прикривале или ги игнорирале сомневањата за убиствата на Хегел и дека не одговарале соодветно и одговорно на таа ситуација.