ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Занимливости > Германците лудуваат по Застава 101- тие се трошат како алва само поради една единствена причина

Германците лудуваат по Застава 101- тие се трошат како алва само поради една единствена причина

Иако одамна не се произведуваат моделите на Застава 101, овие автомобили се многу популарни во Германија од страна на тамошните колекционери.

Еден од нив е Босанецот Дино Чолиќ кој е колекционер на југословенски олдтајмери и досега во Германија има увезено околу 70 возила од марката Застава.

Сите се во возна состојба, а најмногу се бара моделот 101. Тој може да се вози и во забранети зони.

Неговата задача е да најде добро сочувани модели во земјите од поранешна СФРЈ, а најмногу купува во Словенија каде возилата се најдобро сочувани и полесно се регистрираат во Германија.

Германците највеќе ги сакаат овие автомобили поради фактот што резервните делови пасуваат од повеќе типови на автомобили, а целата интересна сторија ја пренесува Дојче Веле и погледнете ја во продолжение.