ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Героски со критика до државните институции: Обвинува дека потфрлија, правеа театар и манипулираа

Героски со критика до државните институции: Обвинува дека потфрлија, правеа театар и манипулираа

1 мин читање

Новинарот Бранко Героски кој важи за еден од најистакнатите новинарски пера на СДСМ и близок до Зоран Заев, жестоко ја критикуваше власта поради бегството на Никола Груевски во Унгарија, во своето гостување на „24 Анализа“.

-Ова е доказ дека имаме сериозен проблем со институциите во Република Македонија, во случајов со институциите за спроведување на правото и правдата. Тоа е спротивно со оценката која денес премиерот Зоран Заев ја кажа, дека немаме проблем со институциите и дека виновен е единствено Никола Груевски. Од човек кој сака да избега од судот на правдата може да се очекува сешто, па и да избега. Јас не викам дека реакцијата на поранешниот премиер е оправдана, туку можам да го разберам. Но, не можам да го разберам и не можам да го оправдам однесувањето на сите државни институции кои потфрлија, за како што вели народот „од готово да се направи вересија“, истакна Героски.

Новинарот остро го осудува начинот на кој полицијата влезе во партиското седиште и во зградата каде живее Груевски.

-Тие сцени пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ и пред домот на Груевски, каде што јас од љубопитство присуствував, тие можат утре на некој начин да бидат аргумент или полуаргумент пред некоја пријателски или екстремно пријателски настроена власт на Никола Груевски дека имало политички прогон, дека имало обид да се запоседне штаб на политичка партија, што не е популарна акција никаде во светот. Мене ми е жал за полицајците, за полициските „Алфи“, за луѓето кои учествуваа во акцијата. Сите, можеби ненамерно, беа дел од една театарска игра, од една манипулација која се разбира дека не вроди со плод. Не може никој да ме убеди дека некој не знаел дека Груевски веќе не е во Македонија и тие сцени беа многу непријатни, истакна Героски во гостувањето на 24Вести.