Глумицата пак сместена на психијатрија
Звездата на серијата Мелроуз плејс и Династија е опасност за себе и за другите.
Хедер Локлир повторно е на психијатрија откако нејзиниот терапевт повикал брза помош,загрижен за нејзината безбедност.
Глумицата која пред неколку месеци го искасала нејзиниот партнер а потоа ја нападна полицијата, се наоѓа на психијатриска установа каде е сместена против својата воља, пренесува “ТМЗ”.
Локлир наводно нападнала и друг човек кај својата куќа пред нејзиниот терапевт да повика брза помош, но таа информација сеуште не е потврдена.
Глумицата која со години се бори психичките проблеми,пред неколку недели само што излезе од рехабилитација.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: