ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Кошарка > Голден Стејт нов лидер на Западот

Голден Стејт нов лидер на Западот

1 мин читање

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт го доби дебито на Западната конференција против Денвер и се искачи на првото место на табелата. За „воините“ ова беше 30.триумф до кој стигнаа со постигнати рекордни 51 поен во првата четвртина што досега не му успеало на ниту еден друг клуб во најсилната кошаркарска лига на светот.

Резултати на натпреварите одиграни ноќта меѓу вторник и среда:

Индијана – Феникс 131:97
Филаделфија – Минесота 149:107
Атланта – Оклахома сити 142:126
Милвоки – Мајами 124:86
Денвер – Голден Стејт 111:142
Лос Анџелес лејкерс – Чикаго 107:100.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 30-14 (победи-порази), Денвер 29-14, Оклахома 26-17, Хјустон 25-18, Портланд 26-19, ЛА клиперс 24-19,…

Пласман Источна конференција: Торонто 33-12, Милвоки 31-12, Индијана 29-14, Филаделфија 29-16, Бостон 25-18,…