ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Општини > Голем шумски пожар во Струшко

Голем шумски пожар во Струшко

1 мин читање

Голема површина ниско стеблеста шума гори на планината Караорман над струшкото село Делогожда.

Територијалната против-пожарна единица, како што информира заменик командирот Ристе Талески, не може да интервенира поради непристапноста на теренот.

-Теренот е непристапен. Многу е стрмно и високо. Побаравме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да ги пушти авионите за дејствуваат од воздух, изјави Талески за МИА.

Екипи на струшката пожарна дежураат на местото со цел да спречат ширење на огнената стихија кон селото.

Струшките пожарникари денеска интервенирале повеќе од 10 пати од кои седум на шумски пожари, три стрништа и еден објект во Вевчани.

-Апелираме до граѓаните, земјоделците и сточарите да не палат оган на отворено, бидеќи со помош на ветрот и временските услови лесно може да избега од контрола и да предизвика несакани последици . Надлежните институции да ги зачестат контролите и да ги откријат сторителите на овие несакани настани, истакна Талевски.