ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Градини со чакал

1 мин читање

Градините со чакал се идеални за оние кои не можат да одвојат доволно време за одржување. Овие градини и после период од неколку седмици ќе изгледаат убаво. Чакалот исто така е решение кај површини кои се наоѓаат под дрво, кај кои тревата не успева.

Леа од чакал може да се направи на неколку начини. Едниот е со отстранување на тревникот и слојот на земја црница. На расчистеното тло се поставува водонепропусна фолија или геотекстил, на кои им се виткаат краевите нагоре. Потоа се нанесува облогата, на пример лесен шуплив камен. На него посадите и повеќегодишно растение и трева на растојание од 20 до 30 cm, сето тоа покријте го со чакал или со слој ризла со дебелина 2 до 3 cm. Покрај некое време потребно е да ги проредите растенијата.

Во втората опција, исто така отстранете го тревникот и слојот на црница. Ослободеното земјиште растресете го до длабочина од 30 cm, помешајте го со песок или ризла за да може добро да пропушта вода. Целата површина покријте ја со геотекстил на кој ќе засечете крстовидни прорези каде ќе посадите повеќегодишни растенија и трева. Преку геотекстилот ставете слој чакал или ризла. Поради ограничениот простор овие повеќегодишни растенија не може да се размножуваат ниту со корен ниту со семе, па после неколку години треба да се заменат.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0