ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Градоначалничката на Битола крие од граѓаните за новото задолжување

Градоначалничката на Битола крие од граѓаните за новото задолжување

За новото задолжување на општина Битола, Петровска не најде начин да ги информира граѓаните, за една ваква важна одлука и после два дена од одржаната седница на советот.

Петровска ќе ја задолжи општина Битола со 80 милиони денари кредит од Светска Банка или 1.3 милиони евра. На истиот овој нетранспарентен начин на една од претходните седници на советот беше донесена одлука за задолжување на ЈП Комуналец, преку кредит од Стопанска банка Битола во висина од 20 милиони денари.

Што значи, се што успеа Петровска да направи во една година наназад е успеа да ја задолжи општина Битола и јавните претпријатија со кредити во висина од 100 милиони денари, пари кои треба да ги врата граѓаните на општина Битола.

Сето ова се случува во услови кога Петровска е неспособна да обезбеди наплата на сопствените приходи, а во една година наназад во општина Битола не е направена ниту една улица, ниту пак е започнат нов капитален проект.