ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух

Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух

1 мин читање

Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух. Во континуитет ставот на амбиенталниот воздух покажува енормно високо присуство на ПМ честички. Локалната и централната власт на СДСМ не преземаат ништо за откривање на причинителите за ваквото загадување, ниту пак преземаат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Ова е пример дека СДСМ едно зборува кога е во опозиција, а ништо не презема кога е на власт.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во Општина Гази баба на вчерашната седница донесе Одлука за итна набавка на прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во детските градинки и основните училишта.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги застапува интересите на граѓаните во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните на Општина Гази Баба.