Гугл ги зајакнува прописите за политичко рекламирање пред изборите во ЕУ
1 мин читањеАмериканскиот интернер гигант Гугл денес соопшти дека ќе ги заостри условите за огласување во Европската унија во рамки на настојувањето на спречување на ширење на дезинформации, а со цел да се зголеми транспарентноста пред изборите за Европскиот парламент во мај идната година.
Како што наближуваат европските избори, американските технолошки компании се под се поголем притисок да направат што е можно повеќе и подобро да се спротивстават на надворешните кампањи за влијание.
Гугл ќе бара за секја политичка реклама да биде наведено кој ја плаќа истата, а ќе го засили и процесот на проверка на идентитетот на купувачот на рекламата.
Ќе биде објавен и извештај за транспарентноста на рекламите за изборите во ЕУ, а ќе има и регистар на политички реклами каде секој ќе може детално да се информира за нарачателот на рекламата, нивната целна публика и како парите ќе бидат потрошени.
Ова проширување на системот, Гугл го воведе годинава за американските политички огласи. Фејсбук воведе сличен систен за САД, Бразил и Велика Британија претходно оваа година.
-Како и другите, сериозно размислуваме за изборите и како ќе продолжиме да ги поддржуваме демократските процеси ширум светот, вклучително и со воведување на поголема транспарентност во политичкото он-лајн рекламирање, напиша на својот блог директорката на Гугл за односи со јавноста и со владата во ЕУ, Ли Џинијус.