Дабл-дабл на Јокиќ во осмиот сезонски триумф на Денвер
![](https://tracmuabeti.mk/wp-content/uploads/2018/11/jokits-300x272.jpg)
Кошаркарите на Денвер Нагетс го запишаа осмиот триумф оваа сезона во НБА лигата, откако ноќеска беа поуспешни од Јута Џез со 103:88. Уште една добра партија во дресот на Денвер прикажа српскиот интернационалец Никола Јокиќ кој средбата ја заврши со рекордни 16 асистенции, 10 скока и седум поени.
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:
Шарлот – Кливленд 126:94
Индијана – Бостон 102:101
Атланта – Мајами 123:118
Чикаго – Хјустон 88:96
Сан Антонио – Њу Орлеанс 109:95
Денвер – Јута 103:88
Портланд – ЛА Лејкерс 110:114.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: