Две лица повредени во сообраќајка во Скопје
На 27.12.2018 година во 20:30 часот било пријавено дека на улица „Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Форд фиеста“ со скопски регистерски ознаки, управувано од С.Л.(81) од Скопје и патничко моторно возило “Рено модус“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Т.Ј.(37) од Скопје.
Во незгодата С.Л. се здобил со телесни повреди, а сопатничката од истото возило О.Л.(79) се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.
Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: