Дебакл на Владата: Дури и по ребалансот, капиталните инвестиции на мизерни 40%
На официјалната страна на Министерството за финансии излезе извештајот за извршување на буџетот за октомври 2018 година. Во него реализацијата на капиталните трошоци е 41 %. Доколку Владата не го усвоеше ребалансот нивото на капитални трошоци ќе изнесуваше околу 31 процент.
Експертите велат дека продолжува лошата динамика на реализација на капиталните инвестиции што ќе има огромно негативно влијание врз и онака слабата македонска економија.
Владата секој месец ветува дека во наредниот период ќе се подобри реализацијата на капиталните инвестиции но како што велат експертите помина веќе цела година и досега Македонија има најнизок степен на реализација на капитални трошоци.
Ова според економистите е тесно поврзано со градежништвото кое е во континуиран пад, а е гранка која е главниот учесник во градењето на Бруто домашниот производ.
Познавачите потенцираат дека ова негативно ќе се одрази на растот на БДП оваа година. Ова го сметат и огромен број на реномирани странски финансиски институции и организации како ММФ и Светска Банка кои на неколку наврати направија надолна корекција на стапката на економски раст кој беше проектиран на 3,2 % за сега да достигне процент од едвај 2 % според последниот извештај на Европската комисија.