ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Општини > Делови од Пелагонија повеќе од 20 часа се без струја

Делови од Пелагонија повеќе од 20 часа се без струја

По вчерашното невреме во Пелагонија проследено со обилни врнежи од снег, денеска повеќе од 20 часа некои села се без електрична енергија.

Од ЕВН Македонија велат дека во моментов без струја се: Лопатица, Дихово, Брусник, Ѓавато, Српци, Доленци, Братин дол, Цапари, Демир Хисар (градско подрачје), Мургашево, Стругово, Обедник, Смилево, Загориче, Ракитница, Породин, Градешница, Кишаца, Суводол, Кутретино, Долно и Горно Дивљаци, Пуста река, Арилево, Кочита, Сливница, Скочивир, Бач, Добромири, Мусинци, Агларци, Долно Оризари, градско подрачје на Битола и индустриска зона.