ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Регион > Делови од Скопје денес и утре без струја

Делови од Скопје денес и утре без струја

1 мин читање

Делови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров денес без струја а општините Сарај, Студеничани и Чучер Сандево во вторник без струја.

Корисниците од дел од улицата „Македонска Преродба“ во општина Ѓорче Петров денес од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат и корисниците од делот од улицата „Максим Горки“ на потегот од Тренд кафе до слаткараницата Марфи во општина Центар, од 11 до 13 часот корисниците од улицата „Лондонска“ зграда бр. 46, објектите околу пазарчето Тафталиџе и улицата „Московска“ згради, бр. 5 и бр. 7, а од 12 до 14 часот корисниците од дел од улицата „Исаија Маџовски“ во општина Ѓорче Петров.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека, на ден 13.11.2018 година (вторник), заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:

-во време од 08,30 – 15,30 часот потошувачите од слата кои гравитираат кон планината Китка и тоа: Алдинци, Драчевица, Цветово, Мала Река, Долно и Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода и Палиград, како и Прслап Китка и планинарски дом Караџица па се до Солнуска Глава (о. Студеничани);

-од 09,00 – 15,00 часот с. Батинци – улиците 4, 6 и 7 (о. Студеничани);

-од 09,30 – 14,30 часот дел од с. Бродец – кај викендичките (о. Чучер Сандево) и дел
од селата Семиниште и Чајлане (о. Сарај) и

-од 10,00 – 13,00 часот потрошувачите од селата Ласкарци, Раовиќ и Паничари и дел
од с. Буковиќ (о. Сарај).