Денеска дожд и грмежи- еве какво време не очекува утре во пресрет на први мај
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе се движи од четири до 10 степени, а максималната од 16 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од осум до 20 степени.
Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст.
Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат во деновите од викендот.
Ве молиме пратете не и стиснете лајк: