ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Регион > Ден на жените во Хрватска: 500 жени на Конгрес на претприемачи добија детергент за миење садови

Ден на жените во Хрватска: 500 жени на Конгрес на претприемачи добија детергент за миење садови

Во денот во кој се одбележуваат социјалните, економските, културните и политички достигнувања на жените во светот, во Загреб беше одржан Конгрес на жени претприемачи од Хрватска и од регионот.

Во конгресниот центар во хотелот Сити Плаза на ученсничките им биле подарени роза, хартиена кеса со лого на Конгресот и детергент за миење садови.

Тој Конгрес се одржува по четврти пат во Загреб во организација на Градот Загреб и на Женскиот претприемачки центар. Покровители се хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и Министерството за економија.

Според организаторите, се работи за најголем бизнис собир на жени во југоисточна Европа.

„Колку детергентот за миење садови е соодветен подарок за учесничките, не е тешко да се процени“, наведува порталот Индекс. Одговор од организаторите за симболиката на подароците засега нема.