ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Детали за вооружениот напад во кантри барот: Напаѓачот убиен, бројот на повредени расте

Најмалку 11 лица, меѓу кои и заменик на шерифот, се повредени во пукањето во барот во Калифорнија, соопштија локалните власти, истакнувајќи дека напаѓачот е мртов.

Полициски претставници објавија дека телото на напаѓачот е во барот, но не открија повеќе детали.

За сега нема информација дали некој од повредените починал.

Во кантри барот „Бордерлајн“ во моментот на нападот имало стотина луѓе, а пукањето траело и кога дошла полицијата.

На сајтот на барот за среда вечер е најавена студентска вечер и часови по кантри танц.

За сега е познато дека непознат маж синоќа во бар во местото Таузенд Оукс, на околу 60 километри западно од Лос Анџелес и со околу 130.000 жители, прво испукал неколку куршуми, потоа фрлил димни бомби, па продолжил да пука.

„Лос Анџелес Тајмс“, повикувајќи се на локалната полиција, јави дека се испукани најмалку 30 куршуми.

Сведоци изјавиле дека во барот повеќето биле студенти, дека ситуацијата била хаотична и оти луѓето почнале да скокаат од прозори.

Властите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0