Детали за трагедијата во Штип: Телото на пожарникарот Ѓорѓи предадено на обдукција
1 мин читањеПричините за смртта на 57- годишниот штипски пожарникар Ѓорѓи Џонов, кој почина синоќа гаснејќи пожар во населбата Автокоманда ќе се знаат по обдукцијата.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека настанот се случил околу 17 часот и 15 минути. Во гаснењето на пожарот на запален оџак во зграда во населбата Автокоманда на пожарникарот Џонов му се влошила здравствената состојба, при што паднал. Неговите колеги му ја дале потребната помош, но од страна на лекарите на Итнатата медицинска помош на местото на настанот е констатирана смрт.
Портпаролот на Клиничка Болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа од страна на екипа на Брзата помош е донесен починатиот, а на кого лекарите само констатирале смрт.
Од страна на јавен обвинител е наредено врз телото на починатиот да се изврши обдукција.