Дизни обвинет за „хакуна матата“
1 мин читањеПовеќе од 50.000 луѓе потпишале петиција во која ја обвинуваат компанијата „Дизни“ за колонијализам и грабеж, бидејќи ја патентирала фразата „хакуна матата“, која доаѓа од јазикот свахили, објави Гардијан.
Петицијата ја повика компанијата „Дизни“ да не ја користи фразата во комерцијални цели откако таа најави римејк на анимираниот филм „Кралот лав“ (The Lion King) за следното лето, во кој гласовите ќе ги позајмуваат Бијонсе, Дени Гловер, Чиветел Ејџиофор.
Изразот го популаризира кениската група Машрумс, чијшто платинест сингл „Jambo Bwana (Hello, Mister)“ ја содржи фразата која „Дизни“ ја искористи во првата верзија на приказната за кралот на лавовите во 1994 година.
Песната „Hakuna Matata“ ја напишаа Елтон Џон и Тим Рајс, а девет години подоцна „Дизни“ го патентира изразот како заштитен знак и дел од марката.
Хакуна матата е стил на живот – среќа, забава, слободно време
Изразот хакуна матата на свахили значи „без грижа“. Свахили се зборива во дел од источна Африка, а официјален јазик е во Кенија, Танзанија, Уганда и ДР Конго.
Шелтон Мпала, кој ја започнал петицијата, ја обвинува компанијата за присвојување.
„Дизни“ не може да заштити како заштитен знак нешто што не измислил, пишува тој Петицијата досега ја потпишале 52.000 луѓе.
Професорот Кимани Нјогу, кој е на чело на работна група која се занимава со прашања од креативната економија, а чија цел е унапредување на културните и јазичните права во Кенија, вели дека користењето на изразот во комерцијални цели е неетичко.
Големите компании на северот ги користат културните добра на Африка за да заработат. Многу добро знаат дека тој израз е сопственост на нардот, дел од културата на цел еден континент, вели Нјогу оценувајќи дека петицијата би можела да влијае и на правниот систем „на северот“, а не само на овој случај.
Хакуна матата е повеќе од израз, додава тој. Машрумс направија од него стил на живот – среќа, забава, слободно време. Изразот е популарен и во истична Африка, се печати на маици и им се продава на туристи. Не е чесно Кенијците да не можат да ја продаваат таа стока во Америка, додава Нјогу.