ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Дилер од Мала Речица фатен на дело

1 мин читање

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Р.(44) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување  на употреба на наркотични дроги“.

Во периодот од февруари 2020 до ноември 2020 пријавениот набавувал марихуана, ја препакувал и ја продавал на улични дилери и зависници во Тетово.

Во текот на септември 2020 биле извршени два претреса во домот на пријавениот во с.Мала Речица, како и претрес во стан во Тетово, кој го користел под наем, при што била пронајдена марихуана, ризли и предмети со остатоци од марихуана.

Исто така, при претрес во станот во Тетово била затекната М.С.(22) од с.Идризово, скопско, која изјавила дека повремено доаѓала заради употреба на дрога.