Дневен хороскоп за 20. ноември 2018 година

ОВЕН
Работа: Пробајте добро да размислите пред да донесете капитални одлуки. Парите очекувајте ги кон крајот на денот.
Љубов: Во емотивниот живот морате да поставите реални темели.
Здравје: Контраиндикации на лекарства.
БИК
Работа: Очекувате позајмица од некој близок пријател или од саканата личност.
Љубов: Средба со личност која работи во банка. Ќе се појават „искри“ и флертувајте.
Здравје: Напнатост, нервоза.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Работете со помлади колеги. Ќе имате поголема заработка и задоволство.
Љубов: Имате личност на спротивната страна која многу бара, особено ако во хороскоп е Бик.
Здравје: Чувајте се од грип.
РАК
Работа: Ако имате парични долгови, ќе бидете притиснати од страна на банката или на некоја странска компанија.
Љубов: Вратете ја довербата кај партнерот така што ќе купите некој убав подарок.
Здравје: Премногу работите, одморете повеќе.
ЛАВ
Работа: Вашиот газда кај кого работите, ви внесува нервоза. Морате да направите добра комуникација.
Љубов: Добар однос со женски Лав и машки Овен.
Здравје: Пазете се од повреди.
ДЕВИЦА
Работа: Денешниот ден е добар за заработка и почеток на нова работа. Важно е да бидете упорни.
Љубов: Слободните Девици мораат да ја отворат душата. Добар избор за вас е личност во знакот на Бик.
Здравје: Чувајте го имунитетот, внесувајте витамини.
ВАГА
Работа: Колегите околу вас не се подготвени да одговорат на вашата динамична енергија. Поради тоа страдате и морате да го менувате колективот.
Љубов: Мислите на личност која не е блиску до вас, веројатно е во некоја земја преку Океанот.
Здравје: Никако благо и енергетска храна.
ШКОРПИЈА
Работа: Тешкотии на почетокот на денот. После 13 часот можете да имате успешен работен ден.
Љубов: Слободните Шкорпии имаат добар ден со личност од опкружувањето. Можеби е тоа некој кој ви се допаѓа подолг период.
Здравје: Чувствителна кожа.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ова е добар ден за смена на работата, или ви се раѓаат нови идеи.
Љубов: Не сте расположени за караница со партнерот. Често морате да се правдате каде сте биле, што сте правеле…
Здравје: Притисокот ви пречи.
ЈАРЕЦ
Работа: Сите припадници на овој знак го сакаат почетокот на неделата, затоа што се некои кои сакаат ред и дисциплина. Ова е многу поволен ден за финансии.
Љубов: Ако сте жена Јарец, млад маж ви се додворува. Машкиот Јарец мора да се стабилизира низ бракот.
Здравје: Болки во коските.
ВОДОЛИЈА
Работа: И натаму имате притисок од оние колеги кои се неспособни да нешто организираат. Морате да бидете построги.
Љубов: Добра енергија за љубовта оди преку личност од знакот Стрелец, Бик или Риби.
Здравје: Осцилации на емотивен план.
РИБИ
Работа: Најважно е како работите. Морате да бидете љубезни, дипломатски настроени и подобри во естетиката.
Љубов: Со некоја Водолија гледате да створите добар љубовен однос доколку сте сами. Ако сте во брак, морате да се посветите на желбите на партнерот.
Здравје: Јак иминутет, добро здравје.