Европската комисија ја намали проценката за раст на БДП од 3.1% на 2.1% што е уште една потврда дека економијата оди во надолна линија
1 мин читањеВчера пристигна уште една потврда од Европската комисија дека економијата секојдневно оди во надолна линија и пропаѓа.
Европската комисија во есенскиот извештај објави ревидиран извештај каде што според нивните проекции ја намалија проценката за растот на БДП од 3.1% на 2.1%, односно за цел 1% помалку.
Иако релевантните институции во текот на првата половина на годината беа оптимисти дека годината ќе се заврши порастот на БДП над 3%, ние бевме убедени уште тогаш и уште од почетокот на годината предупредувавме дека оваа неспособна Влада на СДСМ ќе ја дотера економијата до крах и ќе ги донесе граѓаните и компаниите на работ на егзистенцијата.
За жал во своите проекции не се единствени само Европската комисија, пред извесен период и Меѓународниот монетарен фонд излезе со преполовени проекции за раст на БДП од 3.2% на 1.6%, што е за двојно помалку. Според нас, како се одвива текот на економските политики на Владата и ова е преоптимистичка проекција.
Лошите економски политики, непосветеноста на реалните економски политики од страна на Владата, лошата реализација на капиталните инвестиции, како и најавата на лошите реформи за даночниот систем, се само малкуте од причините за лошите резултати на полето на економијата до сега но и оние кои што следат во наредниот период.
Задолжувањата ги преминаа сите можни граници, а ниту еден проект не е реализиран.
Република Македонија на крајот на годината ќе има убедливо најлош раст на БДП во регионот. За жал сликата ќе биде иста како и минатата година, сите земји од регионот ќе се пред нас, а ние ќе сме убедливо на дното. Од земја која беше лидер во регионот во економска политика, сега се тркаламе на дното.
Некој мора да понесе одговорност за лошата економска ситуација во државата. Тевдовски мора да поднесе оставка уште веднаш бидејќи резултатот од неговите лоши политики е евидентен.
Што побрзо се расчистат ваквите неспособни кадри на СДСМ од позициите и дојде друга Влада да ја преводи државата, толку побрзо Македонија ќе тргне напред!
На крајот ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе ги промени овие лоши политики!