ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Еден од обвинетите за Диво Насеље тешко го претепал Миле Јанакиески во затворот Шутка?

Еден од обвинетите за Диво Насеље тешко го претепал Миле Јанакиески во затворот Шутка?

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.

Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.

Како што неофицијално дознаваме Миле Јанакиески се здобил со скршеници на едната рака и е примен на лечење во една од скопските клиники.