ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Македонија > Единаесет мигранти пронајдени во возило

Единаесет мигранти пронајдени во возило

На 02.02.2019 година во 22.30 часот во Куманово, на регионалниот пат Куманово –Свети Николе, полициски службеници забележале сомнително патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, кое кога се обиделе да го запрат не застанало.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Свети Николе и во него имало 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, додека возачот М.Р.(26) од село Банско, струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.

Исто така, од слобода бил лишен и Т.И.(40) од село Банско, кој со патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки возел пред возилото на М.Р..

Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.