ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Единствениот телефон со два екрани и нов концепт за правење на селфи!

1 мин читање

Во борбата за што е можно поголема покриеност на предната страна од телефонот со што е можно поголем екран, досега може да се каже дека најголем успех го имаше таканаречениот “Notch”.

Сепак, овој пресек на предниот дел од телефонот каде што се сместени селфи камерата и останатите сензори и не е така популарен кај корисниците, па од ZTE одлучија да донесат едно освежување на тој план.

Новиот Nubia X доаѓа со екран кој што се простира на целата предна страна од телефонот, а поради тоа целосно е исфрлена предната селфи камера.

Но, тоа не значи дека корисниците нема да може да прават селфи фотографии, затоа што ZTE тој проблем го реши со воведување на уште еден екран на задната страна од телефонот. Основниот LCD екран со FHD+ резолуција ја зазема практично целата предна страна од телефонот и има дијагонала од 6,26 инчи, додека на задната страна е поставен OLED екран со дијагонала од 5,1 инч и резолуција од 1520х720 пиксели.

За фотографиите е задолжена двојната камера од 16 и 24 мегапиксели, што е далеку подобро решение од селфи камера, со оглед на тоа што селфи камерите речиси кај сите модели пристигнуваат со далеку помала резолуција и квалитет на сензор од задните камери.

Nubia X располага и со Snapdragon 845 процесор, 6 или 8 GB RAM меморија, а постојат и верзии до 256 GB интерна меморија. Телефонот нема слот за microSD мемориска картичка, а батеријата со капацитет од 3800 mAh е доволна барем за еден ден нормална работа.

Цената на основниот модел со 6 GB RAM и 64 GB интерна меморија изнесува 470 долари, а најмоќниот модел со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија чини 620 долари.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0