ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Еди Марфи со сите негови деца: Најстарото има 29 години, а најмалото 3 недели (ФОТО)

1 мин читање

Пред 3 недели славниот актер Еди Марфи стана татко по десетти пат. Неговата свршеница Пејџ Бачер на 20 ноември го роди Макс Чарлс.

Семејната новогодишна фотографија на актерот е несекојдневна, на неа тој позира со своите десет деца од кои најстарото дете има 29 години, а најмалото 3 недели.

57-годишниот актер во рацете ја држи двегодишната ќерка Изи Он, а неговата свршеница новородениот син Макс Чарлс.

На фотографијата е 29-годишната ќерка Бри и 29-годишниот син Ерик, 28-годишниот син Кристијан, 11-годишната Ејнџел Ајрис која ја има од врската со Мел Б од Спајс грлс, 16-годишната Бела Захра, 19-годишната Зола Ајви, 24-годишната Шејн Одра и 26-годишниот Мајлс Мичел.

На фотографијата се и мајките на децата како и свршеницата.

„Среќен Божиќ“, пишува под веселата семејна фотографија.

Еди Марфи има 10 деца од 5 различни жени.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0