Есенски совети за градината
Октомври е идеално време да ги соберете есенските плодови и да ја подготвите вашата градина за претстојната зима. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:
1. Отстранете ги сите гнили плодови од земјата околу дрвцата бидејќи може да привлечат разни штетници. Тргнете ги и заболените листови, но внимавајте да не ги ставите ви компостот, туку фрлете ги.
2. Исчистете ги старите едногодишни растенија и коровот пред да им падне семето.
3. Заштитете ги повеќегодишните растенија од мраз со малчирање. Прекријте ја земјата околу стеблото за да го одржите нејзиниот квалитет користејќи коров (без семе), трева, листови, слама. Градината малчирајте ја со исечкани листови и трева.
4. Исечете ги деловите од повеќегодишните растенија кои претставуваат идеални места за собирање на полжави и други штетници.
5. Оставете ги сувите цвеќиња, декоративните треви и семињата кои убаво изгледаат, но се и храна за птиците.
6. Направете канта со ѓубриво. Додадете свежи растенија и трева и покријте го компостот се до пролетта.
7. Соберете ги листовите околу розите, стеблата на јаболкниците и останатите растенија кои се чувствителни на пепелница и други штетници кои презимуваат на отпадоци.
8. Отстранете ги мртвите гранки од цвеќето и овошките, но немојте се уште да ги кастрите. Исечете ги и болните гранки, и не заборавајте да не ги ставате во компостот.
9. Исчистете ги остриците на алатите.
10. Продолжете со полевање на дрвцата и грмушките се додека тлото не се заледи.
Со првите пролетни зраци на сонцето ќе ви биде многу полесно да ја доведете во совршена состојба градината, особено ако претходно добро сте ја припремиле.