Заборавена намирница која ги обновува штитната жлезда, жолчката и црниот дроб
1 мин читањеЦрната ротква е малку подзаборавена намирница која е исклучително здрава и се користи з алекување на различни видови на болести. Има многу позитивни својства кои добро делуваат на проблемите со штитната жлезда, како и во борбата против лошото варење. За оваа намирница се вели и дека е одличен лаксатив од причина што се нејзините својства многу ефикасни.
Црната ротквица може многу да помогне во подобрување на здравјето, но може и да ви го обнови ткивото на кожата. Освен тоа, ротквицата може да ви помогне да ги исфрлите од организмот сите штетни материи, но и да се изборите со болките во стомакот. Не треба да се збаорави ниту на позитивното дејство на ротквата на црниот дроб затоа што го чисти и помага за подобрување на неговите функции. Ротквата е богата со витамин Ц и со различни антиоксиданси и хранливи материи.
За да ги искористите подобро сите благодети на црната ротква подгответе ја по следниот рецепт:
4 помали роткви
Помало парче рендан ѓумбир
4 лажици мед
Сок од 4 цедени лимони
50 мл вода
Сите состојки ставете ги во блендер и помешајте ги. Кога ќе добиете густа смеса ставете ја во стаклена тегла и убаво затворете ја. Земајте по една лажица 3-4 пати дневно во текот на три недели и пијте две литри вода на ден за да може целосно да ги искористите добрите својства на ротквите.