ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Заврши драмата: Со полициски хеликоптер извлечени полицајците од Танушевци- извршена е нивна смена

Заврши драмата: Со полициски хеликоптер извлечени полицајците од Танушевци- извршена е нивна смена

Граничните полицајци кои неколку дена беа заглавени во полициската станица во с. Танушевци поради наноси од снег, денеска се вратени во Скопје, информираат од МВР. Движењето им беше оневозможено бидејќи снегот достигнал до 2,5 метри. Поради блокираните локални патишта од снегот, десетмината полициски службеници не можеле да ја извршат смената па затоа останале во објектот на МВР.

Смената е извршена со полициски хеликоптер. Од независниот полициски синдикат вчера соопштија дека проблемот често се појавува и дека навреме не се спроведуваат тендери за расчистување на патиштата кон планинските гранични полициски станици.