ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Затвореници ги искористија своите таленти за да спасат дете од заклучен автомобил

Затвореници ги искористија своите таленти за да спасат дете од заклучен автомобил

Затвореници од Флорида, кои во придружба на чувари биле на пауза од работа, спасиле едногодишно девојче од автомобил во кој нејзините родители случајно ја заклучиле. Несреќата се случила кога таткото го ставил девојчето на детското седиште и ги фрлил клучевите на предното седиште, а потоа случајно ја затворил вратата.

За среќа, во близина имало група затвореници кои работеле на патот придружуван од полициски службеници. Наместо да го скршат стаклото на автомобилот, затворениците ги понудиле своите вештини и ги отвориле вратите на автомобилот без кршење.

„Фала му на Бога за сите криминалци во светот. Сите ве почитувам”, рече мајката која успеа да ја сними целата спасувачка операција. Видеото стана хит на социјалните мрежи.