ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > Затуроска: Царовска во програмата на СДСМ немаше напоменато дека проблемите ќе ги префрлува едноставно на други, а министерството за здравство се користи како алатка од каде што се обезбедуваат дополнителни суми за незнајни цели и одредени џебови

Затуроска: Царовска во програмата на СДСМ немаше напоменато дека проблемите ќе ги префрлува едноставно на други, а министерството за здравство се користи како алатка од каде што се обезбедуваат дополнителни суми за незнајни цели и одредени џебови

1 мин читање

Лилјана  Затуроска, пратеник од редови на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“, при заседавање на седница за пратенички прашања рече дека кога се работи за одговор кој што е даден колку да биде даден, а во кој не наоѓате навистина ниту тронка искреност за заложба од човек кој што седи на министерското столче како министер за труд и социјална политика, а кој беше толку многу силен во предизборната кампања и ветуваше токму во овој дел кој што јас го поставувам прашањето дека ќе ги реши проблемите поврзани со недостигот на места за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст е далеку од задоволувачки.

-И кога немате план и немате стратегија како и на кој начин да ги решите овие проблеми со кои што се соочуваат граѓаните за немање простор да ги згрижат своите деца најлесно е да вината да ја префрлите на некој друг, во случај  како она што го прави министерката Царовска во моментот вината ја префрлува на локалната самоуправа, нагласи Затуроска.

Затуроска потсети дека за жал во програмата на СДСМ министерката го немаше тоа напоменато дека проблемите ќе ги префрлува едноставно на други и други треба да ги решаваат.

Се обрати до заменикот министер за здравство, на кој му рече дека веќе влегуваат во 3-та година заедно со министерот како имате едно од најважните министерства во Владата на Република Македонија.

Бидејќи носите политики и стратегии кои што се исклучителни важни и се поврзани за здравјето на граѓаните, но за жал во вашиот мандат пациентот е ставен на сериозно ниско, незавидно ниво. Искрено овој мандат министерството за здравство се користи на некој начин само како алатка од каде што ќе треба да се обезбедат дополнителни суми, средства кои ќе се искористат за незнајни цели или ќе завршат во одредени џебови, нагласи Затуроска.

Затуроска појасни дека голема заинтересираност предизвика сумата што планираат да ја потрошит на новиот Клинички центар и искрено граѓаните запрашуваат, што чудо ќе беше ова каков Клинички центар ќе биде тоа, да не е случајно некое си чудо од вселената, да не биде како вселенски брод кој што ќе лебди во просторот па наместо болните пациенти да доаѓаат до Клиничкиот центар можеби тој ќе се движи до Штип, до Струмица, до Охрид, до Струга. Затоа што се работи за 480 милиони евра.