ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Македонија > За време на празниците 29 сообраќајки во Скопје, едно лице загинало

За време на празниците 29 сообраќајки во Скопје, едно лице загинало

1 мин читање

Во текот на изминатите денови (31.12.2018, 01 и 02.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 29 сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинати лица, три со тешки телесни повреди, една железничка незгода со тешки телесни повреди, 10 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 14 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди и 18 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 61 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи – почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 12 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 12 поради неносење пропишана зимска опрема, четворица поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 44 мандатни платни налози и 16 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.