ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Спорт > За прв пат се огласи мајката на Емилијано Сала- од нејзините зборови по загубеното чедо ќе ве полазат морници!

За прв пат се огласи мајката на Емилијано Сала- од нејзините зборови по загубеното чедо ќе ве полазат морници!

1 мин читање

После долг период на страв на почетокот на февруари се потврдија сомневањата дека авионот со кој патуваше Емилијано Сала завршил во морето.

После несреќата семејството на несудениот напаѓач на Кардиф и понатаму е неутешно.

За прв пат после трагедијата во медиумот се огласи мајката на Емилијано Сала, Мерцедес Тафаре која го крена гласот за да се дознае вистината за нејзиниот син.

-Чекаме, се обидуваме да разбереме како тоа се случило, зошто му се случи на Емилијано…Виновен ли е аеродромот, пилотот, посредникот кој го договори летот? Бараме правда, едноставно сакаме да ја знаеме вистината. Сакаме да знаеме дали некој погрешил, а ако и да одговара за тоа. Истрагата и понатаму е во тек до крајот на годината би требало да знаеме што се случило. Толку прашања на кои немаме одговор, но веруваме во правда. Мораме, порача мајката на Сала.

Таа го прокоментира и проблемот помеѓу Кардиф и Нант околу исплаќањето на сумата од 17 милиони евра.

-Несфатливо. Емилијано потпиша договор пред новинарите, сите го видоа тоа. Мораат да платат. Секако и тие се занимаваат со истрагата, но својот збор мораат да го испочитуваат. Потписот не можат да го поништат, изјави Тафаре.

И додека телото на Сала како и остатоците од авионот беа пронајдени на морското дно, телото на пилотот Дејв Иботсон кој управуваше со леталото се уште не е пронајдено.