ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести > За прислушувањето во Јавното обвинителство мора да има оставки и одговорност и тоа веднаш

За прислушувањето во Јавното обвинителство мора да има оставки и одговорност и тоа веднаш

Поминаа 3 дена од скандалот за нелегално прислушување во Јавното обвинителство, а сеуште од Оливер Спасовски и МВР немаме никаков концизен и директен одговор.

Кадрите на СДСМ сеуште ги прислушкуваат граѓаните и институциите. Јавните обвинители, судиите, нивните соработници и институциите се под директен надзор и нелегално прислушувани од страна на Оливер Спасовски и Зоран Заев.

За ова оставки, но и одговорност мора да има и тоа уште веднаш!

Јавноста сеуште со денови чека одговор на прашањата кои што треба да ги одговори Оливер Спасовски како ресорен министер во Министерството за внатрешни работи.

Кој прислушувал нелегално во Јавното обвинителство?

Дали во разговорите има разговори и од обвинители од Специјалното јавно обвинителство во кои се договарале одредени предмети и нивно преземање?

Кој ќе сноси одговорност за прислушувањето во Јавното обвинителство на јавните обвинители и останатите нивни соработници?

Дали со овие нелегални разговори од изминативе 2 години биле уценувани јавни обвинители да носат одлуки по нечија желба на луѓето од власта? Дали со овие нелегални разговори бил вршен прогон на невини граѓани?

Кога конечно Оливер Спасовски ќе си поднесе оставка за нелегалното прислушување на јавните обвинители и институциите изминативе 2 години?

И повторно денес прашуваме од пред МВР, дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално и дали воопшто функционира системот за следење на комуникациите изминатиов период?

Ова се непроценливи штети по независноста на обвинителството и судството. Ова се непроценливи штети кои ги прави директно владата на СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Граѓаните немаат доверба веќе во Јавниот обвинител и нему СДСМ со овој скандал му го сруши интегритетот.

Граѓаните одамна немаат и доверба и во МВР и во Оливер Спасовски, а сега уште еднаш се потврдува истото. Оливер Спасовски нема капацитет и кредибилитет да продолжи да го води министерството за внатрешни работи.

Затоа, Оливер Спасовски треба да си даде оставка уште веднаш и да сноси одговорност за се до сега што направил.