ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Останати Спортови > Зголемен наградниот фонд на Австралија опен

Зголемен наградниот фонд на Австралија опен

Отвореното првенство на Австралија ќе има вкупен награден фонд од 43,95 милиони долари (62,5 милиони австралиски долари), што е за 14 отсто повеќе од минатата година.

Организаторите на турнирот, кој ќе се одржи од 14 до 27 јануари, направија нова корекција на сумата, откако пред два месеци објавија износ од 60,5 милиони австралиски долари.

Причината за зголемувањето е падот на австралискиот долар.

Мажите и жените шампиони ќе добијат по 4,1 милиони австралиски долари.