Зоран Заев и Љупчо Николовски се занимаваат со политички реваншизам, наместо да ги решаваат проблемите на земјоделците
1 мин читањеПродолжува хајката против мене како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кое што вчера ми беше врачено отказно решение од министерството за земјоделие само поради моите спротивставени ставови со власта во делот на погубните политики кои што ги води оваа Влада.
Образложението на власта за мојот отказ е апсурдно, бидејќи со него како што се вели дека како главен наратор на прес конференциите како претставник на политичката партија сум нанесувал штета на врз угледот на институцијата во која работам и сум ја поткопувал довербата на администрацијата.
Зоран Заев и Љупчо Николовски се занимаваат со политички реваншизам, наместо да ги решаваат проблемите на земјоделците и да го унапредуваат земјоделието.
Земјоделците го фрлаат својот род, поради катастрофално ниските откупни цени. Земјоделците се борат за парче леб додека министерот за земјоделие се шета по светските дестинации и се фали со својата скапа брендирана облека.
На Николовски му се потребни партиски послушници кои ќе ги премолчуваат и ќе замижуваат пред проблемите на земјоделците. Правда за мене, правдата за земјоделците, за граѓаните ќе стигне само кога оваа власта ќе си замине, а кога ќе се случи тоа сите оние кои сега ја промовираат неправдата ќе одговараат за своите постапки.
Реваншизмот на Заев и Николовски нема да ме поколеба уште пожестоко ќе се борам за земјоделците и да ја запознавам јавноста со неправдите кои што ги нанесуваа оваа власт.
Господине Николовски ве повикувам на телевизиска дебата и да ги соочиме аргументите. Знам дека ви е страв, но неможете постојано да бегате. Изберете место изберете време и пред се соберете храброст за ова соочување.