ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение:

Создавање на азбуката е клучен чекор во писмениот и културниот развој на еден народ, таа е огледало на цивилизацијата и суштинско обележје на колективната свест и на идентитетот на народите.

Денешниот празник, 22 Ноември, е значаен ден за припадниците на албанската заедница во Република Македонија. Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество.

Почитувајќи ги идентитетските обележја и меѓусебните разлики ги потврдуваме нашите заложби за градење на подобар живот на сите граѓани и изградба на силна, напредна и европска Република Македонија.

Во оваа пригода на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија сакам да им го честитам Денот на азбуката и да ги повикам сите граѓани заеднички да работиме на негување и зачувување на мирот и македонската традиција на соживот и почитување на различноста.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0