ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Изборите завршија-граѓаните одбраа: Минарето во Охрид продолжува со градење

1 мин читање

Во неделата завршија предвремените локални избори во Охрид. Охриѓани го направија својот избор, за градоначалник го избраа Константин Георгиески од СДСМ, зад кој застана и ДУИ.

Уште пред гласањето, повеќе медиуми меѓу кои и ОХРИД 24, пишуваше дека постои договор помеѓу Константин Георгиески, Зоран Заев и албанскиот коалиционен партнер, во замена за гласовите на муслимамското население во Охрид, минарето на Али-пашината џамија да продолжи да се гради непречено.

Сликата направена денес го потврдува тоа. После три дена од прогласувањето на победата на СДСМ и Константин Георгиески во Охрид, работници се качени на минарето и според информациите од терен интензивно се работи.

Инаку, премиерот Зоран Заев пред скоро два месеци, при посета на Охрид на граѓаните им вети дека ќе се стопира изградбата на минарето додека не се расветли случајот. Датумот за изнаоѓање решение беше „по 5ти мај”.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0