ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Избркана и омаловажена жената што продава бадеми кај „Буњаковец“

1 мин читање

Непознати лица ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници, малини, спроти пазарот „Буњаковец“ на булеварот „Партизански одреди“.

Како што се гледа на видеото, две лица и ја превртеле гајбата со производи, а откако ги собрала истите и ги искинале кесите со бадеми на тротоарот.

“Пред 15 минути, бев сведок на нечовечност , нехуманост, незнам како да го наречам – Животно не е бидејќи тие имаат чувства, човек па ич , туку суштество без ниту малку жал….
Сигурно ја знаете бабичката која секој ден седи пред “Солета” на Партизанска – карши пазарот “Буњаковец” која продава малини, бадеми, лешници , ореви, и било што само за да заработи некој денар.
Кој живее во близина, работи, и поминува неможе да не ја забележал и запамтил тој мил глас кој довикува ” Ајде малини, бадеми, тазе лешници”, само за да продаде и да заработи некој денар.
Епа ова суштество во црната јакна ( незнам дали беше инспектор од негде ) заедно со неговиот колега во кафената јакна од страна ( кој само се смееше и исмејуваше на ситуацијата ), најпрвин зема и ја преврте гајбата со робата, и ја истури од торбата на женичката целата роба, ( момент кој не успеав да го фатам додека уклучам камера), дерејќи и се со секакви погрдни зборови се со цел да привлече повеќе внимание на сметка на омаловажување на оваа мирна бабичка.
Откако бабичката ги собра повторно кесите, истиот зема ги искина кесите и и ги истури БАДЕМИТЕ на целиот тротоар, а женичката зрно по зрно ги собираше !!
Не би сакал повеќе да објаснувам погледнете го видеото и ќе ви стане јасно за што зборувам….
Можеби законски не е дозволено да се продава на ваков начин…. но НЕЈЗИНИТЕ РАЦЕ СЕ ЕДНИ НАЈЧЕСНИТЕ И НАЈЧИСТИТЕ РАЦЕ …
ВО ДРЖАВАВА КРАДЕ КОЈ СТИГНЕ, А НЕКОЈ ВАКВИ КОМПЛЕКСИРАНИ СЛУЖБЕНИЧИЊА ОД 120 КГ, ЌЕ ЛЕЧАТ КОМПЛЕКСИ И СИЛА НАД ВАКВИ ЖЕНИЧКИ И БАБИЧКИ,…
Само едно прашање ме интересира:
Дали ваков начин на “храброст”,и “сила” би демонстрирал на ЗЕЛЕН ПАЗАР, ШУТКА, А КАМОЛИ БИТ ПАЗАР !….
МОНСТРУМ !”

https://www.facebook.com/martinez.cvetkovski/videos/10217704795237547/

Општина Центар преку соопштение се извини за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец“, кога двајца комунални редари ја избркале жената која продава бадеми, лешници и малини. Редарите ја превртеле гајбата со производи, а откако жената ги собрала истите ѝ ги искинале кесите со бадеми.

-Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста. Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени. Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар, велат од општината.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0