Има 45 години, а сè уште е секс-симбол: Тајра е презгодна во овие мини бикини
1 мин читањеМанекенката и водителка Тајра Бенкс и во петтата деценија е секс-симбол.
Ја краси насловницата на престижниот магазин „Спортс илустрејтед“ за 2019, кој е познат по едиторијалите со костими за капење.
Бенкс (45) е првата црномурна убавица на насловницата по 1997 година.
Изданието има уште две насловници: со спортистката Алекс Морган и манекенката Камил Костек.
Тајра најпрво стана позната како манекенка во Париз, Милано, Лондон, Токио и Њујорк, но преку телевизијата стана уште попозната.
Бенкс е главниот уредник и домаќин на реалното шоу „Следното ново лице на Америка“ кое се одржува на телевизијата UPN/The CW, продуцент на „Вистинска убавина“ и домаќин на нејзиното ток шоу „Шоуто на Тајра Бенкс“.