„Инсајт“ ја испрати првата јасна фотографија од Марс
1 мин читањеЛеталото „Инсајт“ успешно слета на Марс, а содржините кои ги забележува веќе влегоа во листата на најпопуларни.
Сигналите кои леталото на НАСА ги праќа, укажуваат на тоа дека соларните плочи се отвориле на време, а стигнале заедно со фотографии кои претставуваат досега најјасен поглед од Црвената планета.
Се очекува сите инструменти кои се неопходни за функционирање на „Инсајт“ да бидат опремени во следните два до три месеци, а фотографиите кои пристигнале се направени со помош на Instrument Deployment камера, која се наоѓа на роботската рака прицврстена на леталото.
Покрај споменатата фотографија на која јасно се гледа површината на Марс, испратени се уште неколку кои се снимени за време на слетувањето, а на кои се гледа колку прашина има подигнато „Инсајт“.
Иако фотографиите се во ценарот на вниманието на јавноста, најважен дел се сепак соларните плочи со оглед на тоа дека од нив зависи дали леталото ќе добива доволно енергија, и колку уште фотографии ќе стигнат до станицата на Земјата.
Aaah…soaking up the Sun with my solar panels. ???? After a long flight, and thrilling #MarsLanding, it feels great to get a good stretch and recharge my batteries. (Like, literally.) It’s just what I’ll need to really start getting in tune with #Mars. https://t.co/yse3VEst3G pic.twitter.com/LpsiI0KNNz
— NASA InSight (@NASAInSight) November 27, 2018