ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Интернет во 2022 година: Двојно побрз, достапен за 60 отсто од луѓето

1 мин читање

Новиот извештај на компанијата „Циско“ фрла светло врз развојот на Интернет во следните пет години – од 2017 до 2022 година. Истражувањето е насловено „Вижуал Нетворкинг Индекс“ (Visual Networking Index (VNI) и вклучува голем број показатели за глобалната мрежа.

Прогнозата покажува дека до 2022 година, Интернет ќе користи 60 отсто од светската популација. Кон глобалната мрежа се очекува да бидат поврзани над 28 милијарди уреди, откако на еден корисник ќе се паѓаат во просек 3,6 уреди, додека во 2017 година овој показател е 2,4.

Брзината на широкопојасните, мобилните и „ви-фи“ мрежите во светот ќе се зголеми речиси двојно во текот на периодот што се разгледува. Кон 2022 година светскиот ИП сообраќај ќе достигне 396 екзабајти на месец, наспроти 122 во 2017 година. Бројот на интернет корисниците, пак, ќе се зголеми од 3,4 милијарди (45 отсто од населението на Земјата) до 4,8 милијарди (60 отсто).

Повеќе од половина поврзани уреди во 2022 година ќе се од типот „M2M“ (машина-до-машина), додека во почетокот на разгледуваниот период нивниот удел бил 34 отсто. Во апсолутна смисла, тоа е околу 14,6 милијарди врски во 2022 година, во споредба со 6,1 милијарди во 2017 година.

Просечната брзина на фиксните широкопојасни интернет мрежи во светот речиси ќе се удвои за пет години – од 39,0 Мбпс (мегабити во секунда) до 75,4 Мбпс додека просечната брзина на „ви-фи“ мрежите ќе порасне од 24,4 Мбпс до 54,0 Мбпс. Се очекува мобилните интернет-врски да ја зголемат просечната брзина до 28.5 Мбпс, според „Циско Вижуал Нетворкинг Индекс“

Претходно овој месец, Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ) објави извештај според кој 3,9 милијарди луѓе или 51,2 отсто од населението на Земјата се на Интернет. Во последните 13 години, Интернетот најбрзо се пробива во Африка – додека во 2005 година корисници беа само 2,1 отсто од населението на континентот, овој показател се зголеми на 24,4 отсто во 2018 година.

Но, пенетрацијата на Интернет во Африка и понатаму е многу послаба отколку во развиените региони. На пример, пристапот до мрежата во Европа има 79,6 отсто од популацијата кон крајот на тековната година.

Севкупно, во развиените земји, учеството на луѓето што користат Интернет се зголеми од 51,3 отсто во 2005 година на 80,9 отсто во 2018 година, додека во земјите во развој се забележува напредок за 7,7 до 45,3 отсто во текот на разгледуваниот период.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0