ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Иранската гарда: Американските бази ни се во дострел

Иранската гарда: Американските бази ни се во дострел

1 мин читање

Командантот на иранската Револуционерна гарда Амирали Хаџизадех изјави дека американските бази во Авганистан, во Обединети Арапски Емирати и во Катар, како и американските носачи на авиони во Персискиот Залив се во дострел на иранските ракети.

– Во наш дострел се и можеме да ги погодиме, ако тие (Американците) преземат некаков чекор, наведе Хаџизадех.

Тој додаде дека иранските ракети земја-море имаат дострел од 700 километри, како и дека нивни мети се американските носачи на авиони.