ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

ТРАЧ МУАБЕТИ > Вести од светот > Ирачанец осуден во Шведска за воени злосторства

Ирачанец осуден во Шведска за воени злосторства

Шведски суд денеска го осуди Курдот Бахалдин Х Саед, кој се борел против „Исламска држава“ во Ирак, за воено злосторство поради објавување фотографии со масакри и видеа со вознемирувачки сцени на Фејсбук. Саед е осуден на 15 месеци затвор.

Саед (38) негираше дека извршил воено злосторство, иако призна дека е присутен на тие фотографии.

Тој ги објавил фотографиите во март 2015 година, снимени во северен Ирак, а на голем дел од нив се гледале обезглавени тела. Судот пресуди дека објавувањето на фотографиите „имало намера сериозно да го нарушат личниот интегритет“.

На крајот на 2015 година, Саед пристигнал во Шведска заедно со сопругата и двете деца и побарале азил.