ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

Истражување кое шокираше многумина: Органската храна е полоша од обичната

Во последните десетина години спроведени се бројни научни студии во кои е споредувана органската храна со конвенционалната. Тие засега не успеале да претстават некои уверливи податоци, кои би покажале дека органските производи, кои честопати се два до трипати поскапи, нутриционистички се значајно подобри од конвенционалните.

Една опсежна студија на оваа тема, спроведена во 2017 година, утврдила дека органската храна има помали траги на пестициди, но тоа не значи дека ги нема воопшто бидејќи и во органското земјоделство може да се користат некои пестициди.

Меѓународен тим експерти од САД, Шведска, Франција и Германија, кои во нивното истражување, претставено во угледното научно списание „Нејчр“, ја откриваат проблематичната страна на органското производство. Според нивните анализи, органската храна е многу полоша за климатските промени од конвенционалната.

Заклучок на студијата е дека приносите во органското производство се значајно помали по единици земјоделски површини отколку во конвенционалното, што како последици има поголемо уништување на шумите и поголеми емисии на стакленички гасови ЦО2, што е клучна причина за климатските промени.

Медицинските експерти  главно се согласни дека е многу важно да се води сметка за тоа изборот на храна да биде добар, односно дневно да содржи доволно овошје и зеленчук, отколку да се органски одгледувани.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0