ТРАЧ МУАБЕТИ

Се е трач но има и вистина

И ФРИЖИДЕРИТЕ СТАНАА ПАМЕТНИ УРЕДИ

1 мин читање

Вмрежени Coca-Cola фрижидери веќе го освежуваат светот. Користејќи ги благодетите на современата технологија Coca-Cola ги поврзува своите фрижидери за пијалак поставени во продавниците. Целта е да се следи потрошувачката на енергија во насока на подобрување на енергетската ефикасност но и да им се овозможи подобро искуство на купувачите.

Ваквите фрижидери засега се поставени само на неколку пазари и имаат сензори кои меѓу другото следат колку пати купувачот ја отворил вратата на фрижидерот и таа информација ја поврзуваат со продажбата. 

Користејќи ги можностите на Internet of things во рамки на овој проект компанијата ги вмрежува паметните  разладните уреди кои собираат и разменуваат податоци.

„Ние всушност правиме две работи: користејќи ги сензорите на нашите фрижидери собираме податоци, а потоа тие информации ги користиме за да им помогнеме на нашите полначници и купувачи  да донесуваат подобри одлуки“ – вели Пит Ровер, директор за комерцијализација на опремата за Северна Америка.  „Некои сензори се физички поврзани, некои се напојуваат со батерија, а  други имаат камера. Ги додаваме на нашата опрема за разладување на пијалаците, тие собираат информации и се поврзани со Bluetooth и ги праќаат тие информации до нашите сервери.  

Контролната табла дава преглед на сите поврзани единици. Така Coca-Cola полначниците можат да ја следат локацијата на ладниот пијалак почнувајќи од излегувањето од складот, надгледување на температурата, осветлувањето, користење на енергија, сместување и чување, целокупна здравствена безбедност и перформанси. Некои фрижидери се опремени со камери кои овозможуваат приказ на инвентарот во реално време со што им помагаат на полначниците и трговците во оптимизација на пласманот, управувањето со залихите и практично решавање на проблемите.

„Можеме да ги следиме перформансите на опремата со цел да ги идентификуваме потребите за сервисирање пред да има потреба од поправки“ – објаснува Ровер. „Истотака, следиме и го поврзуваме лизгањето на вратата со продажбата и утврдуваме дали има доволно залиха од соодветниот пијалак.“

На пример, трговците на мало може да откријат дека 4 големи фрижидери со една врата  имаат помалку комбиниран сообраќај од еден мал ладилник со една врата. Сопствениците на продавниците исто така можат да препознаат промени во обрасците на однесување на купувачите кои можат да се споредат со бројките од дневната продажба, а потоа да бидат поврзани со промена на местото на ладилникот, температурата на производот, продажбите и промоциите.

Coca-Cola вмрежените фрижидери своето деби го имаа во Бугарија во 2015 година, а од 2018 се тестираат во Чикаго и Далас.

„Намерно почнуваме полека, во помали продажни места“ – објаснува Ровер. „Ги обучуваме продажните тимови и осигуруваме проток на вистинските информации пред да ја прошириме употребата на ваквата технологија.“

И додека проектот главниот фокус го има врз подобрување на операциите и зголемување на продажбата, сензорите за близина наскоро ќе бидат во можност да испраќаат персонализирани понуди и купони на лицата кои се наоѓаат во близина на фрижидерот преку соодветна мобилна апликација.

„Вмрежениот фрижидер е следниот чекор во нашиот развој кон подобрување на нашата способност да овозможиме единствено Coca-Cola искуство“ – заклучува Ровер. “ Од машина што продава Coca- Cola, преку продажба на доживување на Coca-Cola производот за сега да имаме вмрежени уреди за продажба на Coca-Cola.

Ве молиме пратете не и стиснете лајк:
error20
fb-share-icon0